Прескокни до содржината
има местоВозач сум
има место

За студенти и за сите што патуваат

Сите превози меѓу градовите, на едно место.

Пребарајте по град и ден, видете ја цената по место и поделете ги трошоците со луѓе што одат во истата насока. Без скролање низ групи и без ѕвонење на повеќе броеви.

Каде патувате?

За пребарување не ви треба профил.

Накратко

34 града

на еден список

4 јазика

македонски, албански, српски и англиски

Бесплатно

100% за возачот

во готово, без посредник

Ново сме. Секој превоз тука е објавен од вистински возач, без лажни огласи.

Како функционира

Три чекори, од пребарување до патување.

  1. Пребарајте

    Изберете од каде, до каде и кој ден. Ги гледате сите превози по време на поаѓање, со цената по место.

  2. Побарајте место

    Побарајте едно или повеќе места и кажете колку големи торби носите. Возачот прифаќа или одбива.

  3. Патувајте и платете во готово

    Се наоѓате со возачот, патувате заедно и му ја плаќате цената директно, во готово.

Зошто не само група?

Групите за превоз помагаат, но се направени за разговор, не за наоѓање превоз.

  • Наоѓање превоз

    Во групите

    Скролате низ објави и се надевате.

    Тука

    Бирате два града и ден и ги гледате сите превози.

  • Релации

    Во групите

    Посебна група за секоја релација.

    Тука

    Сите градови на едно место.

  • Вашиот телефон

    Во групите

    Го објавувате пред илјадници непознати луѓе.

    Тука

    Никогаш не е јавен.

  • Резервирање

    Во групите

    Ѕвоните на повеќе броеви додека некој не одговори.

    Тука

    Барате место во апликацијата, а возачот одговара.

  • Цена

    Во групите

    Го прашувате секој возач посебно.

    Тука

    Цената по место ја гледате однапред.

  • Јазик

    Во групите

    Обично на еден јазик.

    Тука

    На македонски, албански, српски и англиски.

Безбедност и доверба

Ова важи уште денес.

Јавно е само вашето име

Ненајавените посетители го гледаат само вашето прво име. Целото име го покажувате само ако сакате, и само на најавени корисници.

Телефонот не е јавен

Вашиот број никогаш не се објавува. Го гледа само другата страна, откако возачот ќе прифати.

Плаќате директно на возачот

Во готово, при патувањето. Апликацијата никогаш не ги допира вашите пари.

Вистински превози

Возачите објавуваат патувања што и онака ги прават. Превоз што веќе тргнал е означен, а откажан превоз веднаш исчезнува.

Наскоро

  • Разговор со возачот во апликацијата
  • Место за подигање на мапа и код при средбата
  • Оценки за возачите и патниците
  • Проверени профили
  • Кажете каде одите, а ние ќе ви јавиме кога ќе се најде возач

И онака возите во таа насока?

Објавете го патувањето за една минута, пополнете ги празните седишта и поделете ги трошоците за гориво и патарина.

Чести прашања

Дали ова е такси?
Не. Возачите се обични луѓе што и онака патуваат и ги делат трошоците за патот со патниците.
Колку чини?
Цената по место ја одредува возачот, а вие ја гледате пред да побарате место. Користењето на апликацијата е бесплатно.
Како се плаќа?
Во готово, директно на возачот, при патувањето. Апликацијата не посредува со пари меѓу патниците и возачите.
Дали ми треба профил?
За пребарување не. За да побарате место или да објавите превоз, се регистрирате со Google или со е-пошта.
Може ли да носам багаж?
Ранец или мала торба секогаш може. Кога барате место, кажувате колку големи торби носите, а возачот потврдува дека има место.
Може ли да резервирам и за друштвото?
Да. Едно барање може да биде за повеќе места, до бројот на слободни места. Цената е по место.
Што ако живеам во село?
Изберете го најблискиот град. Точното место каде ќе ве земе возачот го договарате со него.
Што ако нема превоз за мојата релација?
Ново сме, па за некои релации засега нема превози. Проверете повторно поблиску до денот или, ако возите, објавете свој превоз. Наскоро ќе може да ни кажете каде одите, а ние ќе ви јавиме кога ќе се најде возач.

Каде патувате следниот пат?

Погледнете ги превозите, без профил и без обврска.